Дилерот кој се обиде да пренесе 5 килограми дрога во Грција заработи 30 дневен притвор

Негорчанецот кој на 17 февруари се обиде да пренесе 5.066,9 грама дрога во Грција доби притвор од 30 дена. Спроведена е истражна постапка.

–  Осомничениот неовластено и заради продажба, пренесувал наркотична дрога – марихуана од с.Негорци во Република Грција. Дрогата била спакувана во пет пакувања со вкупна тежина од 5.066,9 грама, скриени во багажниот простор во резервна гума од автомобил со гевгелиски ознаки. Царинските службеници ја пронашле марихуаната при контрола на граничниот премин „Богородица“. Основното јавно обвинителство Гевгелија, постапувајќи по пријава од Царинската управа, спроведе истражна постапка за кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни супстанци од член 215 став 1 од Кривичниот законик, се вели во соопштението од полицијата.

Поради постоење на можност осомничениот да се даде во бегство, да ја попречува истрагата со влијание врз сведоците или да го повтори кривичното дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд Гевгелија достави предлог за определување мерка притвор. Судијата го прифати предлогот и со решение му определи притвор на осомничениот во траење од 30 дена.

Претходна вестСобраниското разрешување на министрите трае подолго од нивниот мандат
Следна вестЈончевски ги избра12 кошаркари за дуелите против Словачка и Норвешка