Претседателскиот кандидат Максим Димитриевски, од Движењето „ЗНАМ – ЗА наша Македонија“ вечерва гостуваше на телевизија Алсат. Прашан кој му е впечатокот од досегашните средби со граѓаните и дали мисли дека ќе влезе во втоирот круг, Димитреивски рече дека впечатокот е одличен.
-Има многу позитивен пристап и од моја страна, а и од страна на граѓаните сум прифатен многу позитивно, рече тој и додаде дека во презентирањето со платената политичка програма не се еднакви со фаворизираните кандидати. Нивната присутност е огромна, а помалите политички партии се невидливи. Тој потенцира дека секако очекува пласман во вториот круг и победа на претседателските избори.
Во однос на тоа кој ќе му биде противкандидат во вториот кург Димитриевски одговори:
-Па мене ми е подеднакво исто. Дали тоа ќе биде господинот Пендаровски или госпоѓата Силјановска Давковска воопшто не е битно. Мојата цел е јасна, имам конкретна програма со пет начела и пет приоритети со конкретни рокови за коишто ќе се држам како претседател, а својата енергија првенствено ќе ја црпам од граѓаните. На Македонија и е потребен претседател кој што ќе го изгради својот авторитет на легитимни избори и едноставно ќе ги движи нештата. Ќе ја врати довербата на граѓаните во државата, првенствено во институцијата претседател, а потоа и во останатите институции на системот, бидејќи ние имаме се во моментов, но за жал немаме изграден систем и мора да работиме активно да го промениме тоа. Да се избориме против корупцијата и криминалот кој што е во пораст согласно сите анализи кои што ги прават и од надвор и од внатре. Македонија мора да стане држава во суштинска смисла на зборот и да наликува на држава, а не како што во моментов се однесуваат актуелните власти предводени од СДСМ и вечниот партнер во власта, ДУИ, кои што си ја прилагодија состојбата така како што ним им одговара. За нив има се за граѓаните нема ништо, додаде Максим.
На прашањето дали очекува да добие гласови и од Албанците, како на локланите избори во Куманово, Димитреивски рече:
-Јас практикувам власт во специфична општина. Мултикултурата за мене е многу важен сегмент во управувањето на општината и одсекогаш сум ги почитувал сите подеднакво, без разлика што јас сум Македонец и како таков сум паттриот. Јас сум градоначалник на сите. Така ме научи мојот град и така ќе се владеам и од позицијата на претседател на државата. Да, сум добивал гласови од сите и ќе продолжам да се залагам за сите граѓани. Но, за жал мора да признаам тука и јавно дека ние во Македонија во моментов не градиме суштински мултиетничко општество. Ние имаме прилагодено општество коешто е мултуетничко само за владеачката елита, додека реално нам децата ни се разделени уште во забавиште и во прво одделение. И како ќе го интегрираме системот на таков наччин. Нашите деца денеска зборуваат на англиски јазик. Македонија мора да изгради особено посебна стратегија како тоа ќе гради мултиетничко општество. Во спротиво ние се разделуваме, а не се зближуваме, дополни Димитриевски.