Неработните денови за изборите нема да се одработуваат

Владата заклучи 24 април (среда) и 8 мај (среда) да бидат неработни денови за сите граѓани на Република Северна Македонија, заради непречено спроведување на изборите за претседател и изборите за пратеници во Собранието. Овие два неработни дена нема да се одработуваат, соопштија од Владата по вчерашната седница.

Оттаму информираат дека одлуката се однесува на сите граѓани на територија на државата.

Минатата недела Владата одлучи деновите на одржување на изборите да бидат неработни за сите граѓани, а на работодавачите од приватниот сектор им препорача да ги спроведат овие заклучоци.

Претходна вестДимитриевски: Градоначалник сум на сите – така ме научи мојот град, таков ќе бидам и од позицијата претседател на државата
Следна вестВанковска: Изјавата на Бујар Османи за Сребреница е недолична и насочена кон себепромовирање