Максим Димитриевски, претседателскиот кандидат на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија се обрати пред граѓаните на Гевгелија.
-Ќе победиме со вас граѓаните, бидејќи оваа власт е аздисана од власт, однародена. Во Македонија Претседател на хартија, членови на парламентот, на хартија. Функционери коишто мислат само на себе си, а граѓанинот пати, рече Димитриевски и додаде дека затоа од ЗНАМ се одважиле и формирале движење коешто излегува од граѓаните и ќе работи исклучиво за граѓаните.
-Мојата цел, нашата цел е овие најмладите да си ги имаме тука во Македонија. Целта на нивните привезок коалиции е да владеат и да ги полнат торбите со народното, државното. Затоа ние од ЗНАМ, заедно со вас тука, со граѓаните од цела Македонија, со оние што седат по кафулињата, но и со оние што не ни дозволија со автобусот да дојдеме во центарот на градот, ќе победиме. Заедно, додаде Максим.
Тој додаде дека ќе биде претседател на сите, затоа што целта е да обединува, а не да ги дели граѓаните.
-Во Македонија повеќе не треба да има место за патриоти и предавници што не ги интересира обичниот граѓанин, само вечните коалиции со нивниот партнер ДУИ, а народот се чувствува како граѓанин од втор ред. Доволно беше, потенцира Димитриевски.