Димитриевски: Ќе ја напуштиме владата ако Меџити повторно свика координација со албанско знаме

Доколку се повтори вицепремиерот Изет Меџити да свика координација со министрите на ВРЕДИ во Владата, а на која ќе има албанско знаме, Движењето ЗНАМ – За наша Македонија ќе ја напушти владејачката коалиција – порача лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски на подкастот на Канал 5 „На кавга со Иван“ кој се емитуваше синоќа.

Првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити пред неколку дена одржа прва посебна координација со министрите за здравство, европски прашања, економија, добро владеење, труд, демографија и млади, кои се избрани на предлог на коалицијата „Влен“.

Ваквиот тип на координација, како што се посочуваше во соопштението, ќе се прошири и со замениците министри и другите избрани и именувани кадри на ВРЕД во извршната власт.

Претходна вестПроменливо облачно, наместа нестабилно со дожд и грмежи
Следна вестСтартува летен сообраќаен режим за движење на камиони