Димитриевски: Претседателот го црпи својот суверенитет токму од граѓаните на избори

Претседателскиот кандидат на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски, даде интервју за белградскиот весник Политика.

На прашањето што било пресудно да се вклучи во трката за Претседател на државата на седмите претседателски избори, Димитриевски одговори:

-Се соочив со изборот да останам во удобната позиција на градоначалник, за која што сметам дека успешно ја ивршувам, или да се вклучам во битката за градење на една нова Македонија, нов систем, промоција на нови вредности и креирање на различни политики од политиките кои ги креираат два политички блока во изминатите 30 години. Јас решив да се борам. Македонија за мене претставува врвен приоритет и подготвен сум да поднесам жртва од секаков аспект, заедно со мојот тим да се обидеме да наметнеме нова визија која драстично ќе го смени текот на политичките делувања во Република Македонија и ќе придонесе да се подобри животниот стандард на граѓаните.

Сакам тоа што го направивме во општина Куманово, да се обидеме да го пресликаме на ниво на државата. Македонија да стане стабилна и развиена држава, со јасен пат кон Европската унија, но при тоа таму да влеземе достоинствено како Македонци, со македонски јазик и со сопствена историја, со почитување на правата, на сите етнички заедници кои живеат во државата. Силно ќе се бориме против корупцијата, правдата мора да биде еднаква за сите и Македонија да биде самоодржлива држава, посебно во делот на енергетиката и земјоделието, Македонија да биде земја на задоволни и среќни граѓани, порача Максим.

На прашањето како гледа на уцената од албанските партии кои имаат договор да не формираат власт со победникот од пзрламентарните избори, дококлку не се прифати барањетон за промена на Устагвот во насока на бирање на Претседателот на државата во парламентот. Димитриевски одговори:

-Евентуални предлози за уставни измени кои би се однесувале на бришење на формулацијата „јазикот кој го говорат 20 %“ за мене се неприфатливи, бидејќи го подриваат фундаментите на кој почива Охридскиот рамковен договор, за кој сметам дека е сто посто реализиран. Секој предлог за менување на сегашниот начин за избор на Претседател на Републиката за мене е неприфатлив. Претседателот го црпи својот суверенитет токму од граѓаните на избори, и има легитимитет да се спротивставува, корегира и укажува на погрешните политики од било која извршна и законодавна власт.

Претходна вестВанковска од Кавадарци: Подобра сум од противкандидатите затоа што сум единствена со програма
Следна вестФон дер Лајен нема среќа околу кандидатурата за втор европски мандат