Ванковска од Кавадарци: Подобра сум од противкандидатите затоа што сум единствена со програма

Претседателскиот кандидат на Левица – Билјана Ванковска ја продолжи својата предизборна кампања во Кавадарци и ја промовираше својата предизборна програма на народен митинг.

-Мојата противкандидатка е постојано фаворизирана како иден претседател, а што ни нуди мојата колешка? Внесување на Бугарите во Устав со одложено дејство. Тоа е исто како да ви кажат, ама вас нема да ве боли, ќе ги боли вашите деца. Втор го фаворизираат Стево, кој се фали дека направил добра работа што не внел во НАТО, а што добро направил со тоа, освен да плаќаме за милитаризација. Сето ова што тие го нудат е сосема различно од мојата програма. Ние мора сите нив да ги расчистиме бидејќи се сијамски близнаци.

Јас ви ветувам дека 24-ти ќе го дочекам достоинствено, спокојно, мирно. Јас имам идеја, идеологија, меѓутоа битката ќе биде долга. А, дека ќе победиме, секако ќе победиме. Гледам дека „баукот“ на Левица се уште ги плаши луѓето иако интимно ја сакаат. Ние чекориме незапирливо. Црбвениот бран, цунамито, надоаѓа и нека му ја мислат. Ќе победиме, порача Ванковска.

Претходна вестГенерален штрајк на приватни специјализанти, нема да прегледуваат пациенти, да одат во операциони сали..
Следна вестДимитриевски: Претседателот го црпи својот суверенитет токму од граѓаните на избори