Димитриевски: Сите досегашни претседатели беа верни на своите партии, тоа треба да се промени

Кандидатот за претседател од Движење ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски вели дека досегашните шефови на државата се покажале дека се повеќе се верни на партијата која ги номинирала, отколку на граѓаните кои ги избрале. Тоа, како што рече, треба да се промени.

Според Димитриевски, досега ниту еден претседател не се одважил да се спротивстави ниту на партијата од каде што потекнува ниту на било кој политички субјект.

-Викаат претседателот нема надлежности. Но, тоа не е точно. Тоа го велат политичките партии кои кандидатите ги вадат од под перница и ги носат да станат претседатели кои подоцна имаат обврска кон политичките субјекти, а не кон граѓаните, рече Димитриевски на денешната средби со граѓаните од Тетово која беше дел од неговите предизборни митинзи.

Димитриевски, пред тетовчани, рече дека тој, доколку дојде на позицијата претседател, никогаш не би потпишал закон со којшто не се согласува мнозинството на граѓаните во оваа држава.

Според Димитриевски, сега сме пред историски чин за сите нас и тоа е факт.

-Граѓаните можеби и сакаат да ја променат оваа состојба. Ние во Македонија во континуитет гласаме против ниту еднаш за, секогаш граѓаните се ставени пред избор да гласаат за помало зло од претходното. И за прв пат во Македонија на претседателски избори имаме 7 кандидати, а жртва сме на два политички субјекта во македонскиот блок и два субјекта од албанскиот блок, посочи Димитриевски.

Претходна вестПендаровски: Го повикуваам на дуел Мицкоски, очигледно тој е кандидат за претседател, премиер, претседател на Собранието и државен обвинител
Следна вестМомчето на кавадарчанка извршило полови дејства врз нејзината малолетна ќерка