Димова: Не планирам да поднесам оставка, парите се делат по програма

Тотално замајување на јавноста се инфорамциите кои беа пласирани во изминатиов период, а јас не планирам да поднесам оставка, изјави денеска на прес-конференцијата Лидија Димова, диркеторка на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност.

Таа даде свое видување на скандалот кој е обелоденет во медиумите, а со кој на фризерница и бил доделени средства од 270.000 евра за образовни цели, а големи средства биле доделувани и за тренирање на магариња и учење на гостопримство во Кипар.

-Точно е дека станува збор за давање на повеќе грантови. Но не на фризерница, туку на претпријатието В.Е.З ТРЕЈД, а господинот Зоран Златковски е сопственик пред чија продавница се направија многу монтажи, а последната е дека јас со него се наоѓам пред неа. Дури и тоа да беше фризерница, во Еразмус програмата има простор за сите, во минатото сме давале такви грантови и тоа не е ништо спорно, рече Димова.

Таа додаде дека е и манипулација тврдењето дека таа ги давала парите.

-Ние сме на еднакво ниво како и државите членки на ЕУ и ги применуваме нивните правила. Парите се делат по програма која ја утврдува Брисел, ние добиваме прирачник во кој се дадени сите правила како се оценуваат проектите и даваат парите а, изјави Димова.

Димова тврди дека тридневната „голгота“ која ја поминува се должи на тоа што во јуни објавила сторија за злоупотреба на европски средства од 2.2 милиони евра. Овој случај е уредно пријавен во Брисел и за него прашање треба да се постави кај Јавниот обвинител.

-ВМРО-ДПМНЕ инсистираше  јас да дадам оставка, но ќе морам да ги разочарам, нема да дадам оставка. Системот на Брисел функцонира совршено. Јас ќе останам во оваа агенција додека не се разреши дилемата каде се проневерни 2.2 милиони европски пари – нагласи Димова.

Таа додаде дека небулозата со магарињата е создадена од адвокатот Александар Тортевски.

-Господинот Тортевски има тужба против Европската агенција бидејќи му скративме средства за проект и тоа не беше толку случајно, изјави Димова.

Претходна вестПајакот шамарал во Центар, а и блокаторот се истакнувал…
Следна вестДимова разјасни: За 90.000 евра не биле купени, туку земени под лизинг “Пасат“ и „Тигуан“