Димова разјасни: За 90.000 евра не биле купени, туку земени под лизинг “Пасат“ и „Тигуан“

Луксузните возила „Фолксваген пасат“ и “фолксваген тигуан“ во вредност од 90.000 евра не биле купени од страна на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност туку земени на лизинг. Вакво објаснување на денешната прес-конференција дала директорката Лидија Димова за инфорамциите кои се појавија деновиве во јавноста дека, освен делење на големи грантови, биле набавувани и скапи возила. Според истражувањето на Центарот за граѓански комуникации во 2018 година, Агенцијата набавила фолксваген пасат во вредност од 45.327 како и фолксваген тигуан во вредност од 43.576 евра.

-Околу набавката на возилата, јас сум се јавила во Брисел да побарам одобрување за набавка на возила. Но, од таму сум добила одговор дека возилата не може да се купат, туку само да се земат на лизинг, објасни Димова.

Дали од Брисел и било речено баш такви скапи возила да земе на лизинг или возилата се по нејзин избор, не беше објаснето.

Претходна вестДимова: Не планирам да поднесам оставка, парите се делат по програма
Следна вестКој и колкумина возат со возачка во Скопје?