Кој и колкумина возат со возачка во Скопје?

Дури 49 лица вчера биле казнети од страна на полицијата бидејќи немале возачка дозвола, се наведува во извештајот на МВР.

-На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 331 санкција, меѓу кои за возење без возачка дозвола 49 лица, пречекорување на дозволената брзина на движење 93 прекршоци, 42 технички неисправни и нерегистрирани возила, 31 санкциониран мотоциклист. Изречени се и 36 казни за неносење на заштитна маска, се наведува во информацијата.

Возењето без возачка дозвола во Скопје загрижува. Ако полицијата не го сопре тој тренд, наскоро ќе се запрашуваме – кој и колкумина возат со возачка во Скопје?

Претходна вестДимова разјасни: За 90.000 евра не биле купени, туку земени под лизинг “Пасат“ и „Тигуан“
Следна вестЗа половина денар по литар поскапеа горивата