Директорката на ФЗО смета дека системот на Фондот бил брзо вратен во функција

По две недели молк, денес во јавноста на брифинг и прес конференција излезе директорката на Фондот за здравство, која кажа дека сторила сѐ што може да го оспособи софтверот на Фондот, а доказ за тоа е што тој бил брзо вратен назад во функција.

Се уште не е познато дали ФЗОМ им платиле откуп на хакерите кои две недели го блокираа системот на фондот, ниту се знае како бил решен две неделниот проблем. Овие податоци ќе се објават откако ќе заврши истрагата, изјави директорката на ФЗОМ Магдалена Филиповска Грашкоска на прес конфернцијата. На првата прес конфернција за новинари изјави даде само првата директорка, другиот директор Фатмо Ахмети е скоро три недели на одмор, а раководителот на ИТ секторот е на боледување. Директорката само официјално потврди и даде гаранција дека податоците на граѓаните биле заштитени. Според неа хакерскиот напад бил насочен кон виртуелните системи, додека податоците на граѓните се чуваат во маскирана форма и не се читливи.

Грашкоска вели дека се работи на системот со цел да нема нов ваков напад.
За сега таа вели дека не гледа одговорност во нејзиното работење и на нејзиниот тим. Станува збор за сајбер војување. А по завршувањето на истрагата ќе се знае кој бил одговорен за две неделниот проблем.

Претходна вестОбвинителството оформи предмет по допрен глас за смрт на пациенти во прилепската болница
Следна вестМарко Симоновски го засили ТФТ