Директорот на тетовската болница поднесе оставка, Филипче закажа прес за 19 часот

Директорот на тетовската болница, Флорин Бесими, чиј ковид-центар во модуларниот објект изгоре до темел пред два дена при што загинаа 14 лица, попладнево поднесе оставка.

-Почитувани, со голема тага за секоја жртва и за секој член на нивното семејство, Ве информирам дека, поради оваа морална одговорност која ја чуствувам, давам оставка од раководното место директор на Клиничката болница Тетово.

После овој трагичен и несреќен настан, оваа одлука е неминовна. Во исто време, се надевам дека ќе заврши што побрзо целосната истрага и ќе се утврдаат причините за пожарот во модуларната болница во Тетово за пациентите со ковид -19.

Мојата оставка нема да ги утеши семејствата, но верувам дека ќе постави една морална линија, која сите како општество сме ја заборавиле.

Загубата на човечки живот во една ваква состојба е голема трагедија. Функцијата не е пред достоинството и човечноста, се вели во соопштението од Бесими.

За 19 часот е закажана прес-конференција на министерот за здравство Венко Филипче. Тој вчера на прашањето дали ќе поднесе оставка од морална одговорност, рече дека ќе ја чека истрагата, а потоа ќе одлучи за тоа.

Владата денеска најави дека во истрагата за трагедијата во Тетово ќе се вклучат германски експерти од федералната криминалистика.

Дали оваа прес-конференција можеби е затоа што Филипче се премислил околу оставката?

Претходна вестОЈО за организиран криминал ќе ги истражува јавните набавки за модуларните болници
Следна вестЗаменик-министерот за здравство Хасани поднесе оставка