Дисциплински мерки за четворица затворски полицијаци од Штип

Двајцата затворски полицајци на кои пред неколку дена им побегна затвореник со шраф во колкот од одделот за ортопедија на Клиничка Болница – Штип се суспендирани се до донесување на правосилна одлука.Директорот на штипскиот затвор, Мики Тодоров, рече дека против двајцата вработени е поднесена дисциплинска постапка.

– Против двајца затворски полицајци за бегство кое се случи од КБ Штип каде по претходно закажан операциски зафат осуденото лице неколку дена беше на болничко лекување се водат две дисциплински постапки. Припадниците против кого е поднесена дисциплинската постапка се суспендирани се до донесување на правосилна одлука, вели Тодоров.

Дисциплински мерки се поднесени и за други двајца затворски полицајци, кои непристојно се однесувале во угостителски објект за време на работа, а истото го потврди и директорот Тодоров.

– Секое неправилно работење и непочитување на работните обврски носи дисциплинска одговорност. За повреда на службена должност припадникот на затворска полиција одговара дисциплински. Во моментот во КПУ Затвот Штип се водат две одделни дисциплински постапки. Првата е за непристојно однесување на припадникот на затворска полиција при вршење на работа и работни задачи, а втората е за не извршување, несовесно, ненавремено или небрежно вршење извршување на работните задачи, вели Тодоров.

Претходна вестСкопјанец пронашол паричник и со личната карта подигнал пари во банка
Следна вестВалтер: Очекувам интересен натпревар, Бидасоа е одлична екипа