Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,16 отсто денеска донесе Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.
-Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В) се намалува за 2,50 ден/лит, на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 2,00 ден/лит, додека малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Мазутот М-1 НС не се менуваат, се наведува во соопштението.
Од ноќеска на полноќ цената на моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 82,00 (денари/литар), на моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 84,00 (денари/литар), а дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е В) - 76,00 (денари/литар).