Дизелот поевтинува за 2,5 денари, бензините со иста цена

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се намалуваат за 2,50 ден/лит, во однос на досегашните малопродажни цени, реши денеска Регулаторна комисија за енергетика.

Со тоа, од ноќеска на полноќ, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В) изнесува 78,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 77,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 1,253 ден/кг ќе изнесува 43,743 ден/кг.

Цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, не се менуваат, односно остануваат на исто од 81,00 и 83,00 денари.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: Власта ќе се задолжи со нови 500 милиони евра, долгот ќе достигне 8,5 милијарди
Следна вестМоже ли Македонија да развива наука ако не вложува во неа?