Во изминатото деноноќие, девет лица починаа од компликации од ковид-19, додека од 2 863 теста, регистрирани се 476 нови заразени со коронавирус, соопшти попладнево Министерството за здравство.
Починатите лица се на возраст од 53 до 81 – годишна возраст, од Скопје, Прилеп , Велес, Охрид, Струмица и Кочани. Сите пациенти се починати во болнички услови.
Од новите случаи на ковид-19 најмногу се од Скопје – 221.
Регистрирани се и 407 оздравени пациенти.
Со ова, вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 95.347, а на починати е 2.955, додека активни случаи има 6.546, од кои 3.256 во Скопје.