Излезноста на гласачите на денешните предвремени парламентарни избори изнесува 38,78 отсто, покажуваат податоците на Државната изборна комисија. Од вкупно 3.480 гласачки места во шест изборни едниници обработени се податоците од 3.459 на кои гласале 703.522 граѓани.
Најголем одзив е забалежен во ИЕ43 – 43.99 отсто а најмал во ИЕ 6 – 29,6 проценти. Во останатите одзивот е следен: ИЕ 1 – 41.07 отсто, ИЕ 2 – 36.98 проценти, ИЕ 3 – 43.87 отсто и ИЕ 5 – 38.22 проценти.