По петнаесетти пат е распишан конкурсот за најдобар дебитантски прозен ракопис на македонски јазик на издавачката куќа Темплум, именуван како „Новите!“. Учесниците треба да напишат ракописи кои се испраќаат по електронска пошта, на кирилица во македонска поддршка, со фонт 12, проред 1,5 во А4 формат. Наградата изнесува 1000 евра (бруто) и објавување на книгата во едицијата „Катапулт“.
Наградата ќе се додели кон крајот на месец декември 2020 година. За наградата можат да конкурираат исклучиво дебитанти кои пишуваат на македонски јазик и кои претходно немаат објавено прозна книга.
Ракописот не смее да биде подолг од 160 страници, т.е. 300.000 компјутерски знаци, а да не биде покус од 48 страници, т.е. 90.000 компјутерски знаци. Ракописите можете да се испраќаат до 6-ти декември 2020 година на адреса достапна на веб страната на Темплум.