До каде ќе оди Илон Маск кој тврди: Првиот човек со мозочен имплант контролира компјутерски глушец со своите мисли

Илон Маск пак го шокира светот со своите изуми, експерименти… Овој пат се работи за медицинска технологија.

-Првиот човек, кој доби мозочен имплант од компанијата за медицинска технологија на Илон Маск, „Неуралинк“, може да контролира компјутерски глушец со своите мисли, рече Маск.

Тој посочи дека напредокот е добар досега и се чини дека пациентот целосно закрепнал со „невролошки ефекти за кои биле свесни“.

До каде ќе се оди во обидот човекот да стане натчовек, засега не се знае. Маск само истакнал дека „Неуралинк“ сега се обидува да го натера пациентот да направи што повеќе кликови со глувчето.

Компанијата не одговори веднаш на барањето на „Ројтерс“ за дополнителни детали. Компанијата го вгради имплантот во мозокот на својот прв човечки пациент во јануари по добивањето одобрение во септември.

Имплантот се состои од 1.024 електроди, кои роботот ги поврзува со мозокот со помош на игла. „Неуралинк“ бараше пациенти со тетраплегија – парализа на нозете и рацете, за клиничкото испитување.

Инаку, Маск има големи планови. Тој рече дека сака да овозможи лекување состојби, како што се дебелина, аутизам, депресија и шизофренија со помош на брзи хируршки импланти.

Претходна вестПочинат маж пронајден под Железен мост во Велес, немало траги на насилство
Следна вестМинималните трошоци на едно семејство во февруари изнесуваат 57.476 денари