До кога функционерите од Олимпискиот комитет ќе бидат попривилегирани од спортистите

Колумна на Томислав Андоновски 

Олимписките игри во Токио почнаа, траеја и завршија со пристигањето на последниот учесник на маратонската трка. Во овој период Олимпискот комитет на Северна Македонија пред домашната спортска јавност, а богами и пред меѓународната се „претстави во најдобро можно издание”.
Дали, овој Олимиски комитет на Северна Македонија, навистина е тоа за што се претставува, застапува, пропагира, инсистира и бара од национални спортски федерации, спортисти, бизнисмени, а во исто време ја замајува јавноста?
Ако во Република Северна Македонија има одредени услови за сите субјекти во спортот, треба да има и за највисоката невладина асоцијација. Условите се едноставни и реални, треба потврда од државата дека ги исполнуваш условите да дејствуваш и работиш во спортот, а потребно е и да функционираат органите и телата на тој правен субјект во случајов ОК на Северна Македонија. Со псевдо собрание организирано од поединци, групи и политички структури на политички партии не се гради олимпизам.
Националните спортски федерации, секоја за своите спортисти и тренери го составува олимискиот тим, а Олимискиот комитет ги пријавува. Прашање е кој го составува
и објавува тимот на ОК на Северна Македонија, кога во неговиот состав има официјални лица со придружба. Помислиле ли дека како придружба на претседател и генерален секретар може да биде и спортски работник, стручно лице, заслужен поддржувач на спортот. А ако во состав на олимпискиот тим имаш и висок претставник на власта, придружбата е оправдана да биде од домашните куќни експерти, но не и
некој од експертите кој го советуваат. Затоа, за свои сопатници и придружба олимписките званичници се потпреле на лична придружба. Олимпијада е место на кое може и да се научи нешто, ама мора да „имаш шанса да учествуваш“, се разбира ако доаѓаш од подобна и привилегирана федерација која својата лојалност ја остварува со кревање на два прста се разбира на вистинско место и во вистинско време.
Ни се допаѓа строгиот став на Олимпискиот комитет, на Олимпијада никој да не оди двапати со зелена карта, иако е најдобар и највреден. Но што станува со функционерите од нашиот Олимписки комитет, кои од 1992 година патуваат со зелена карта како и спортистите. Можеби зелената карта на овие лица е причината за нашите
црвени картони во олимпиското движење во место. Ве интересира ли кои се лица од 1992 година до денес патувале, остварувале и не претставувале со своите придружби?

Претходна вестМалолетничката од Кочани по која се трагаше пола година најдена во неготинско
Следна вестАвтомобил се судри со мопед, повредени мопедистот и неговиот сопатник