Малолетничката од Кочани по која се трагаше пола година најдена во неготинско

Малолетничката од Кочани по која полицијата и семејството трагаа речиси 6 месеци, пронајдена е пред два дена.

СВР Велес попладнево објави дека девојчето е пронадено во неготинско.

-На 31 август во село Тимјаник, неготинско, полициски службеници од Полициската станица Неготино ја пронашле Т.П.(17) од Кочани, за која на 24 февруари, годинава нејзината мајка пријавила дека се оддалечила од домот, соопштија од СВР Велес.

Таа потоа е однесена кај нејзиното семејството. Други детали засега не се соопштуваат.

Претходна вестЗа оние кои ќе се бунат, ќе им пратат вакцинирани попишувачи
Следна вестДо кога функционерите од Олимпискиот комитет ќе бидат попривилегирани од спортистите