До крајот на годината кинеската вакцина против вирусот ќе биде комерцијално достапна

Кинеската вакцина против корона вирусот ќе биде комерцијално достапна до крајот на годината, изјави Лиу Џинџшен, шефот на водечката државна кинеска фармацевтска компанија „СиноФарм“.

Тој изјави дека вакцината би чинела помалку од 1.000 јуани (140 долари) и ќе се дава двапати со пауза од 28 дена. Според него, ќе биде неопходно за студентите и работниците во поголемите градови да ја добијат вакцината, но не и оние што живеат во ретко населените рурални области.

-Не мора сите 1,4 милијарди луѓе во нашата земја да ја добијат вакцината, рече тој во интервјуто објавено во „Гуангминг Дејли“.

„СиноФарм“ во моментов тестира две вакцини и има годишен капацитет на производство од 220 милиони дози, рече Лиу.

Лиу изјави за весникот дека тој ја примил вакцината.

Претходна вестЗа неносење маски казни за 379 граѓани
Следна вестВо Финска ќе почнат да се тресат од нашите авиони – нови 12 патници позитивни на вирусот