До паркот „Авионче“ во Аеродром ќе треба ли да одиме со авионче?

Аеродром е најурбанизираната општина во Скопје. Така барем се фали и Општината и аеродромци, ама…

Ако се тргне кон големиот парк популарно наречен „Авионче“ ќе налетате на многу дупки. Едноставно, по булеварот АСНОМ во делот спроти паркот, подружницата на ЕВН и седиштето на ФФМ во Ново Лисиче „кратерите“ во асфалтот се бајаги големи. Неколку дури и широки по половина метар, а длабоки десетина сантиметри.


Овде поминуваат многу возила. Зошто ова не се поправи? До пред некој месец во близина се работеше, се асфалтираше самата крстосница со булевар Србија. Не ги видоа дупките или ги оставија да „потпораснат“?

Да се надеваме дека оваа реакција ќе биде поттик да се поправи работата и навистина да се заслужи епитетот – најурбана општина во Скопје.

Во спротивно, до паркот „Авионче“ ќе треба да одиме со авионче.

Претходна вестМицкоски му пратил на Заев концепт за поевтин Клинички центар, ќе биде ли разгледан?
Следна вестЕкономијата заздравувала, ама граѓаните тоа не можат да го почуствуваат