Се уште не е позната причината за труењето на дваесте питомци и двајцата офицери од воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ кои пред неколку дена биле примени со повраќање, болки во стомакот и дијареа. Од скопскиот центар за јавно здравје утре или во понеделник ќе имаат резултати од земените примероци од вработени во кујната. Во обработка се и мострите земени од Институтот за јавно здравје.
-И дененска работат дел од вработените во Институтот за јавно здравје како би можеле да дадете најбрзи резултати, но знаете дека има одредени процедури да поминат за да може да кажеме дали има или нема во земените мостри нешто што би го предизвикало труењето. ИЈЗ има земено мостри од прехрамбени производи од кетеринг службата во Скопје што ја носела храната, мостри од површини исто од кетеринг службата, од вода како и мостри од фабриката од Струмица што произведувала слатки, изјави Марија Андоновска, директор на ИЈЗ
По пријавата за масовно труење, вонреден инспекциски надзор направиле екипи од Агенција за хана и ветеринарство, ДСЗИ, Од ИЈЗ и скопскиот центар за јавно здравје. Земале примероци за испитување од кујната каде се подговтвувала храната, од мензата во касарната како и комбињата за транспорт.