Доаѓа ли крај на невообичаено топлите есенски денови?

Според најавите од УХМР, утре се очекува променливо облачно и релативно топло време, по одделни котлини ќе има појава на утринска магла и ниска облачност. Попладне и во текот на ноќта претежно во северните делови ќе има локален дожд, а вдолж Повардарието ќе почне да дува засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 18 до 23 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, наутро со услови за појава на магла во делови од котлината. Попладне и кон крајот на денот ќе има локален дожд и ќе дува засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне 20 степени.

Во недела ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со умерен, а вдолж Повардарието засилен северен ветер. Од понеделник ќе се задржи свежо време со ниски утрински температури, кои од вторник на повеќе места ќе бидат околу нулата.

Претходна вест(ФОТО) Се фатија за метла кај „Технометал Вардар“ како „лисица со опашка“
Следна вестНема напредок во македонско-бугарските експертски разговори: Дали некој воопшто и очекуваше?