Нема напредок во македонско-бугарските експертски разговори: Дали некој воопшто и очекуваше?

Ниту 15-тата средба на македонските и бугарските историчари која се одржуваше вчера и денеска се за повеќе прашања не донесе никаков пробив – не се усвоени никакви решенија и препораки.

Ако се следи што брифираат македонски и бугарските експерти за тукашните и тамошните медиуми заклучокот е – меѓусебни обвинувања за исклучив пристап на колегите од другата страна и инсистирање да се наметне нивното гледање за минатото.

Ова беше четвртиот состанок од предвидените пет за оваа година, на мешовитата македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања – идеи за препораки за учебниците по историја и можноста Гоце Делчев да биде заеднички чествувана од двете држави.

-По исцрпна дискусија вториот ден покажа дека двете страни се сè уште далеку од решение кое би довело до подобрување на образовниот процес и остварување на заедничката цел–градење добрососедски односи и пријателство во кое минатото и различните толкувања на историјата нема да бидат пречка, објави државната агенција МИА повикувајќи се на извори од македонскиот тим.

Средбата на мешовитата Комисија се одржа во периодкога двете земји се или среде избори илисреде изборна кампања.

На претходниот 14. состанок што се одржа на 10 и 11 јуни, од македонскиот тим во Комисија оцени дека ги имале најтешките разговори досега.

Денеска оставка од позицијата член на Комисијата поднесе Ванчо Георгиев кој обвини за политичко мешање во преговорите и посочи висок функционер од МНР.

Од Владата ова го нарекоа инсинуации.

Претходна вестДоаѓа ли крај на невообичаено топлите есенски денови?
Следна вестТреба ли Kомисија да работи со еден македонски историчар помалку?