Добро е што почна акција за чистење на Скопје, ама џабе ќе е…

Скопје е прилично нечист град. Добро е што денеска се најави почеток на голема пролетна акција за чистење на десетте скопски општини. Скопската градоначалничка Данела Арсовска истакна дека оваа голема акција ќе се спроведува во координација со јавните претпријатија и ќе трае до 27 мај.

– Започнуваме во општина Кисела Вода, каде што од денеска до крајот на неделата во соработка со градоначалникот Орце Ѓеоргиевски, Град Скопје ќе спроведува активности за темелно чистење на градските булевари и површините под градска надлежност, уредување и санација на дефекти во доменот на јавните градски претпријатијарече градоначалничката Арсовска на почетокот на пролетната акција.

Таа објасни дека акцијата опфаќа активности на чистење на булеварите и улиците, рачно и машинско миење на улиците, собирање на кабаст отпад на предвидените локации низ општините, санирање од оштетувања на коловозите, поставување на вертикална и хоризонтална сообраќајна сигнализација, садење садници и уредување на зеленилото низ скопските општини, санации на пријавени дефекти и проблеми од граѓаните, заловување на бездомни кучиња

Добро е што се организираат ваквите акции, макар и да се чекало на почеток на пролета. Но, уште подобро ќе биде да го зачуваат исчистеното. Искуствата покажуваат дека дел од граѓаните исчистеното го валкаат за кусо време.

Потребно е континуирано одржување, а не акциско. Потребно е казнување на неодговорните граѓани. А потребно е и поодговорно однесување на скопјани. Во спротивно – џабе ќе е акцијава. 

Претходна вестКиев го одби ултиматумот за предавање на Мариупол, Зеленски бара преговори во Ерусалим
Следна вестОд загинатите во сообраќајки од 25 до 30 отсто се пешаци