Додека Нуредини и Шилегов се сликаа, никој ли не го виде пироманот што ја запали депонијата во Визбегово?

Нуредини и Шилегов, поддржани од локалната самоуправа на чија територија се наоѓа една од дивите депонии во Визбегово, вчера застанаа да се фотографираат пред ѓубриштето. Мотивот бил да најават дека депонијата ќе исчезнела засекогаш, со надеж дека така и ќе остане и немало да има потреба да се чисти повторно.

И додека ова обраќање траеше пред депонијата, на само неколку метри подолу некој успеа да го запали ѓубриштето. Зачади. Сепак нивните изјави завршија па тие си заминаа без да се наголтаат од чадот. Останаа камерите да ја „ловат“ вистинската слика. Настапот на градоначалниците и министерот не ги остави рамнодушни граѓаните:

-Како не ви е срам да се фотографирате пред депонијата?! Фатете метла и зачистете, кога веќе сте дошле, тоа ви е работа!

-Пред нос ви ја запалија депонијата, каде се вашите инспектори?! Или најважно ви беше да се сликате пред камерите па со Господ напред може и ќе биде исчистена…и да не биде, вас ви е важно да се дотерате и пред камери да се нацртате!

-Којзнае колку пати е најавувано чистење на депонијата и таа пак оживува. Како да ви веруваме кога пред ваши очи ви ја запалија додека зборувате?! Па ниту пироманите не ви се плашат!- се само дел од коментарите на споделената вест на социјалните мрежи.

Министерот за животна средина, Насер Нуредини рече дека за чистењето на депонијата побарале средства и дека се надева дека ова ќе биде последен пат да го гледаме Визбегово со ваква депонија. Секако дека е за поздравување ако овој пат навистина го решат овој проблем.

Претходна вест26 починати и 489 новозаразени од вирусот
Следна вестЗавршува Интернационалниот детски фестивал на театараската група „Сенки и облаци“