Денеска завршува одсмото издание на Интернационалниот детски фестивал на театарската група „Сенки и облаци“, кој почна во четвртокот и прв пат годинава се одвиваше онлајн – преку Фејсбук.
Покрај организаторите од трупата „Сенки и облаци“, во програмата со изведби, работилници и дебата, се придружија и колегите Hayali Balaban, Moscow Shadow Play Theatre, Shadow & Puppet Theater – Ginat, Mottili Theatre, Alaluz Shadow Puppet Theater, Fictionville Studio, Luz, micro y punto и Unterwasser
Театарот „Сенки и облаци“ постои од 2005 година и играта со сенки и светла е единствениот театарски израз кои тие го негуваат. Во својот репертоар имаат сосема различни претстави кои тематски видливо се разликуваат една од друга, но нишката која ги врзува е уникатната естетика и едноставниот, на моменти наивен израз, кој му дава посебен шарм на пренесувањето на приказните. Тие нудат поинакво уживање, ја воведувааат својата публика во еден нов свет кој дотогаш е за нив непознат и со магиска моќ ја водат до самиот крај.