Облачно со повремени врнежи од дожд, на планините од снег

Во Скопје денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Утринската температура ќе се спушти до 5, а дневната ќе достигне 8 степени.

На подрачјето на земјава времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Пообилни врнежи ќе има во западните и северните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Утринската температура ќе се движи од 2 до 6, а дневната од 8 до 14 степени.

Поради продор на постудена воздушна маса во недела врнежи од снег ќе има и на некои повисоки места, особено во западните делови од земјава. На планините ќе се формира нова снежна покривка. Од понеделник ќе преовладува претежно стабилно време, освен во крајните западни делови, каде ќе има услови за повремен дожд.

Претходна вестЗавршува Интернационалниот детски фестивал на театараската група „Сенки и облаци“
Следна вестПо 20-часовната расправа прекината седница за законот за ГА-МА, гласањето дополнително