Договорена соработка помеѓу Кисела Вода и Меѓународниот Балкански Универзитет

Градонaчалникот Орце Ѓорѓиевски беше во официјална пoсета на Меѓународниот Балкански Универзитет во Скопје.

Заедно со вицеректорот вон. проф. д-р Мевлудин Ибиш, потпишаа Меморандум за соработка со рамки на образовните и практичните процеси, во склоп со идејата за доживотно учење.

На средбата беа договорени конкретни проектни активности за потребите на општина Кисела Вода.

Се разговараше за можни проекти за студентска пракса и архитектонски проекти меѓу двете институции, а посебно внимание се обрна на актуелните случувања во врска со распишаниот конкурс за идејно решение за ДУП за Расадник.

Градоначалникот Ѓорѓиевски го промовираше проектот и од двете страни се изрази интерес за вклучување на стручниот персонал и студентите во конкурсот.

Дополнително, на оваа средба која е само прва од планираните кои следат, беше постигнат договор Општината да додели стипендии за студирање на ИБУ за најдобрите ученици од училиштата кои се на нејзина територија.

Претходна вестСДСМ: Ковачевски обезбеди помали сметки, а поголеми плати и пензии
Следна вестВо Скопје казнети 211 возачи, 73 за брзо возење