Дојави за подметнати бомби стасаа и до пет училишта во Кавадарци

Закани за бомби се добиени утрово во пет училишта во Кавадарци. Информацијата за МИА ја потврди Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.

– Денеска околу седум часот во Полициска станица Кавадарци било пријавено дека на електронска адреса на пет училишта, две средни и три основни во Кавадарци е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира Самарџиев.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: Насилието во Арачиново е последица на штитењето на криминалот од страна на МВР
Следна вестБугарија е крајно навредена од најавеното холандско вето