Бројни дојави за поставени експлозивни направи денеска се добиени во повеќе скопски средни училишта, трговски центри и други објекти.
МВР соопшти дека денеска (08.02.2023) околу 13.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на електронските адреси на 12 средни училишта, како и на МРТВ, Транспортен центар, ГТЦ, Џевахир Сити, ТЦ Ист Гејт, ТЦ Сити Мол е упатена закана за поставена експлозивна направа.
-Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите, соопшти полицијата.
Вчера , лажни дојави за бомби имаше во 47 училишта во Скопје од кои 38 основни и девет средни.