На Клиниката за неврологија мозочните удари ќе се снимаат за неколку секунди

Современ томограф денеска доби Клиниката за неврологија со кој ќе биде можно снимање на пациентите со мозочни удари за само неколку секунди. Апаратот е обезбеден како резултат на соработката на Министерството за здравство со Светската банка.

-Овој апарат навистина многу ќе значи за брзата дијагностика на нашите пациенти, пред сè, со мозочни удари, но и за другите заболувања. Апаратот е најсовремена технологија, која овозможува брзо снимање на пациентите. Времето е максимално скратено на само неколку секунди за едно снимање, со што пациентите примаат помала доза зрачење, што е многу важно. Апаратот има можност за перфузиона томографија и за правење ангиографски слики, односно снимање на крвните садови на мозокот и на ‘рбетниот столб, со што ќе се подобри дијагностиката на церебрално-васкуларните заболувања, меѓутоа и на другите болести, кои се дијагностицираат и лекуваат на Клиниката за неврологија, рече директорот Иван Барбов.

Министерот Беким Сали објасни дека компјутерскиот томограф за Клиниката за неврологија е дел од новата опрема набавена за вкупно 14 јавни здравствени установи. Тој денес пушти во употреба нова опрема и во Клиниката за хируршки болести „Наум Охридски“, која доби компјутерски томограф, два мобилни рендген-апарата и еден дигитален рендген-апарат

Претходна вестПолицијата ги ,,чешлала” камионите по улиците, дури 19 биле со неисправни сопирачки
Следна вестДојави за поставени бомби во Железничка станица, ГТЦ, Сити Мол, кулите Џевахир, Ист Гејт, 12 училишта…