Полицијата ги ,,чешлала” камионите по улиците, дури 19 биле со неисправни сопирачки

При четиричасовна контрола на патиштата во Македонија, вчера полицијата упатила 98 товарни возила на вонреден технични преглед. Од таму се потврдило дека дури 19 камиони возеле со неиспрвни сопирачки.

– Од 98 товарни моторни возила упатени на вонреден технички преглед, неисправни биле 31. 19 од нив имале техничка неисправност на уредот за запирање, три биле претоварени 10 поседувале неисправни составни делови и опрема, а двајца возачи управувале со неисправни светлосни уреди, соопштуваат од МВР.

Најавени се контоли и во следните денови, а од МВР и апелираат сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Претходна вестБајден: Се спротивставивме на Путин; Трамп: Бајден не води кон трета светска војна
Следна вестНа Клиниката за неврологија мозочните удари ќе се снимаат за неколку секунди