Бајден: Се спротивставивме на Путин; Трамп: Бајден не води кон трета светска војна

Американскиот претседател Џо Бајден одржа говор за состојбата на нацијата во кој повика на единство во остро поделениот Конгрес, го пофали зголемувањето на работните места, ја спомна војната во Украина и стратегискиот натпревар со Кина. Неговиот говор наиде на остри критики од страна на поранешниот американски претседател Доналд Трамп. Од низата обвинувања можеби најсериозно е тврдењето на Трамп дека благодарение на Бајден светот е на ивица на трета светска војна.

На големиот годишен говор за општата политика, во кој секој американски претседател ја исполнува својата уставна обврска да го информира Конгресот, Бајден ја нарече американската демократија „нескршлива“, повика на единство, го поздрави закрепнувањето на американската економија и отворањето на рекордни 12 милиони работни места, истакна дека Америка „не може да го одврати“ вниманието од полициската бруталност и ги нарече „скандалозни“ гигантските профити на нафтените компании, повикувајќи на воведување „минимален данок“ за милијардерите.

Тој, исто така, нагласи дека Соединетите Американски Држави ќе ја поддржуваат Украина „сѐ додека е потребно“ во соочувањето на руската инвазија.

– Со НАТО, Соединетите Американски Држави се соочија со агресијата предводена од Путин и застанаа на страната на украинскиот народ, нагласи тој речиси една година по почетокот на војната.

Тој посочи и дека САД ќе соработуваат со својот ривал и големата сила Кина, но и како Америка ќе „дејствува“ доколку Кина го загрози нејзиниот суверенитет.

– Како што демонстриравме минатата недела, ако Кина го загрози нашиот суверенитет, ние ќе дејствуваме за да ја заштитиме нашата земја и тоа го направивме, истакна Трамп.

На неговиот говор остро реагираше поранешниот американски претседател Доналд Трамп кој изнесе низа напади врз демократскиот претседател Џо Бајден чијашто победа на изборите пред две години сѐ уште ја оспорува како украдена.

Трамп го обвини Бајден дека американската нација ја „води на работ од Третата светска војна“, поради неговото управување со руско-украинската војна, како и дека неговиот демократски наследник на претседателската должност е „најкорумпираниот претседател на американската историја“.

– Неговата администрација (на Бајден) води војна против слободата на говорот. Се обидуваат да ги индоктринираат и осакатат нашите деца. Тој не води на работ на Третата светска војна. И, како врв на сето тоа, тој е најкорумпираниот претседател во американската историја, тврдеше Трамп.

Трамп се осврна и на шверцот со дрога и нелегалната имиграција и го обвини Бајден и за високата инфлација.

Претходна вестНе го дочека лекот „трикафта“: Почина Благојче Илиевски најтешко болниот од цистична фиброза
Следна вестПолицијата ги ,,чешлала” камионите по улиците, дури 19 биле со неисправни сопирачки