Фронтменот на Пинк Флојд: Не е точно дека руската инвазија на Украина била неиспровоцирана

Фронтменот на легендарната рок група „Пинк Флојд“ Роџер Вотерс (79), кој беше поканет од Русија да зборува пред Советот за безбедност на ОН, во средата ја осуди руската инвазија, но и оние што ја „ипровоцираа“. Од овој настан се незадоволни на Заподот и во Украина.

– Инвазијата на Руската Федерација на Украина беше нелегална. Најостро ја осудувам, рече поранешниот член на „Пинк Флојд“ на видео конференција.

-Но, не е точно дека руската инвазија на Украина била неиспровоцирана. Затоа, силно ги осудувам провокаторите, продолжи тој.

Британскиот музичар, кој во последните месеци имаше неколку изјави околу судирот во Украина повика на итен прекин на огнот, за „да не се загуби ниту еден Украинец или руски живот“.

Неговиот говор веднаш го осуди украинскиот амбасадор.

-Колку е тажно за неговите поранешни обожаватели да го видат како прифаќа да биде само „уште една тула во ѕидот и тоа во ѕидот на дезинформациите и руската пропаганда“, рече Сергеј Кислица.

Инаку, Русија побара на овој состанок на Советот за безбедност да се разговара за оружјето што западот и го доставува на Украина.

– Со снабдувањето со оружје, нашите поранешни западни партнери ја принудуваат (Украина) да издржи што е можно подолго без да размислува за загубите на украинските вооружени сили оставајќи го моралот настрана, изјави рускиот амбасадор Василиј Небензја.

Тој го пофали делото на Роџер Вотерс, „еден од најважните активисти во современото антивоено движење“, гледајќи го како знак на „загриженост меѓу меѓународната уметничка интелигенција“ за насоката во која се движи светот.

Ова не е прва реакција на Вотерс против војната во Украина и тоа секогаш наидувало на остри критики од Украина и западните земји.

Во отвореното писмо на почетокот на септември, Роџер Вотерс напиша дека Западот треба да престане да ја снабдува Украина со оружје и го обвини украинскиот претседател Володимир Зеленски дека толерира „екстремен национализам“, а потоа побара од него да стави крај на „оваа убиствена војна“.

Потоа беше прогласен за „персона нон грата“ во Краков, Полска, а неговите концерти беа откажани.

Претходна вестМахачев: Ќе го решам Александар Волкановски во две-три рунди и ќе станам „крал“
Следна вестПоради руско влијание ли Македонците се разочаруваат од ЕУ или…?