Генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг ќе се повлече од чело на оваа организација во октомври, кога ќе му истече мандатот, изјави денеска портпаролката на НАТО, Оана Лунгеску. Ова истовремено беше демант на наводите на германскиот весник „Велт ам Зонтаг“ дека Столтенберг ќе остане на чело на НАТО и по октомври поради стабилноста на Северноатлантската алијанса.
-Мандатот на генералниот секретар Јенс Столтенберг беше продолжен три пати, а тој беше на оваа функција вкупно девет години, истакна Лунгеску и изјави дека Столтенберг „нема намера да бара уште едно продолжување на мандатот“, пренесува Ројтерс.
„Велт ам Зонтаг“ претходно објави дека Столтенберг повторно ќе го продолжи својот мандат со цел Северноатлантската алијанса да ја одржи стабилноста за време на војната во Украина.
Столтенберг беше премиер на Норвешка од 2000 до 2001 година и од 2005 до 2013 година, а од 2014 година е на чело на НАТО.




