Темен режим Режим на светлина

Над 35.000 загинати и огромни штети од земјотресите во Турција и Сирија

Бројот на загинатите во страшните земјотреси во Турција и Сирија надмина 35.000, a очајничките спасувачки акции продолжуваат. Властите соопштија дека се урнале над 6.500 згради во Турција, а уште многу се оштетени во зоната на земјотресот која опфаќа околу 13 милиони луѓе.

Погодени се можеби и до 23 милиони луѓе меѓу кои пет милиони ранливи групи, оцени Светската здравствена организација (СЗО), која стравува од голема здравствена криза, особено за ширење колера во Сирија. Стотици илјади луѓе станаа бездомници среде зима.

Земјотресот предизвика и огромни материјални штети.

Најсилниот земјотрес во Турција од почетокот на векот предизвика материјална штета, што може да ја чини Анкара близу 84,1 милијарди долари, соопшти на Конфедерацијата на турски претприемачи и бизнисмени (ТУРКОНФЕД).

Во извештајот на „ТУРКОНФЕД“, објавен во текот на викендот, се наведува дека реновирањето на илјадници домови ќе чини 70,8 милијарди долари, загубата во националниот доход ќе изнесува 10,4 милијарди. Долари, додека загубата од работните денови би била 2,9 милијарди долари.

Според извештајот, главните трошоци ќе бидат поврзани со обновување на становите, инфраструктурата, како и задоволување на краткорочните, среднорочните и долгорочните потреби за засолништа на стотици илјади луѓе кои останаа без покрив над главата.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Починат маж и тешко повредена девојка пронајдени пред зграда

Следна објава

Штипскиот градоначалник: За „Шкупи фест“ и за „Лира фест“ милиони, за „Макфест“ 6.500 евра