Медиумската опседнатост околу „шпионските балони“ и неидентификуваните летечки објекти над Северна Америка, нема никаква врска со вонземјани, туку е вештачки предизвикана паника чија цел е да се сврти вниманието на јавноста од вистинските скандали, вели свиркачот Едвард Сноуден.
– Тоа не се вонземјани. Би сакал да се вонземјани. Но тоа не се вонземјани. Тоа е само стара измислена паника, привлечна дистракција која обезбедува новинарите кои ја следат националната безбедност да добијат задача да истражуваат глупости, наместо буџети и бомбашки напади, како што беше саботажата на Северен тек, наведе Сноуден на Твитер.
Наградуваниот истражувачки новинар Симор Херш објави минатата недела дека САД и Норвешка го кренаа во воздух гасоводот кој транспортираше руски природен гас во Германија минатиот септември. Американската влада веднаш демантираше дека има каква било врска со саботажата на Северен тек.
Веднаш потоа, американската војска почна да соборува „објекти“ на небото над Северна Америка. Портпаролот на Советот за национална безбедност Џон Кирби кажа вчера дека американската влада сè уште не го знае потеклото на трите летечки објекти соборени во текот на викендот.





