Темен режим Режим на светлина

Уапсен инвеститoр кој градел во областа погодена од земјотресот, се обидел да побегне со чамец

Во турскиот град Мармарис уапсен е еден од инвеститорите кои граделе во областа Кахраманмараш, која минатата недела беше погодена од разорни земјотреси. Како што пренесуваат локалните медиуми, инвеститорот бил фатен во моментот кога се обидувал да избега од земјата со чамец.

Турската полиција изминатите денови уапси инвеститори и изведувачи, кои се сомничат дека поради несовесно работење при изградбата предизвикале уривање на зградите.

Во разорните земјотреси што ја погодија Турција на 6 февруари, само во таа земја загинаа повеќе од 35.000 луѓе, a повеќе од 10.000 објекти се урнати до темел.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Лекција на Јокиќ до Дончиќ: Со ,,трипл-дабл” го водеше Денвер до триумф над Далас

Следна објава

Ковачевски: Бугарските клубови кои ќе се усогласат со законот ќе продолжат да работат