Темен режим Режим на светлина

Починат маж и тешко повредена девојка пронајдени пред зграда

Маж и девојка биле пронајдени вчера попладне паднати пред зграда во центарот на Скопје. Момчето е починато, а девојката се бори за живот.

-На 12.02.2023 во 12.57 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред зграда на бул.„Климент Охридски“ биле пронајдени паднати Ф.М.(47) и К.Г.(39), двајцата од Скопје. Лекар од Итна медицинска помош кај Ф.М. констатирал смрт, а К.Г. со тешки телесни повреди била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување помош, соопштија од МВР.

Од МВР велат дека е извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Левица: ВМРО-ДПМНЕ и министерот за опозиција Мицкоски наместо да шират лажни вести нека ја почнат блокадата на институциите

Следна објава

Над 35.000 загинати и огромни штети од земјотресите во Турција и Сирија