Руско разузнавање: САД активно регрутираат џихадисти поврзани со Исламска држава и Ал Каеда

Соединетите Американски Држави активно регрутираат џихадисти поврзани со Исламска држава и Ал Каеда за терористички напади во Русија и другите земји на ЗНД, објави Руската служба за надворешно разузнавање, а пренесува српски Танјуг.

– Според веродостојните извештаи што стигнале до Службата за надворешно разузнавање, американската војска активно регрутира милитанти од џихадистички групи поврзани со Исламска држава и Ал Каеда за извршување терористички напади во Русија и земјите од Комонвелтот на независни држави. Посебно внимание се посветува на привлекување луѓе од рускиот Северен Кавказ и Централна Азија, се наведува во соопштението.

Како што се посочува, во јануари годинава американските разузнавачки агенции регрутирале 60 милитанти во Сирија кои по обуката во базата Ел Танф планираат да ги испратат во Русија и другите земји на ЗНД за да извршат терористички напади.

– Во јануари оваа година беа избрани 60 такви терористи со искуство во борбите на Блискиот исток. Тие моментално минуваат низ забрзан курс во американската база во Ел Танф во Сирија. Таму се обучуваат за вештини за правење и користење импровизирани експлозивни направи, како и методи за извршување диверзантски и субверзивни активности. Посебно внимание се посветува на планирање напади врз добро чувани објекти, вклучително и странски дипломатски претставништва, објаснуваат од Службата за надворешно разузнавање.

Според информациите на Службата, во блиска иднина се планира милитантите во помали групи да се преселат во Русија и други земји од ЗНД.

– Тие ќе имаат задача да подготвуваат и да извршат терористички напади против дипломати, државни функционери, полицајци и припадници на вооружените сили. Според идејата на Американците, тие ќе ги извршуваат соодветните задачи во соработка со подземните ќелии на меѓународните терористички групи, вклучително и „Хизб ел Тахрир“, „Џемат Ансарулах“ и „Исламско движење на Узбекистан, се наведува во соопштението.

Исто така, се вели дека американските безбедносни сили се опседнати со „лудата идеја“ за ослабување на Русија и сметаат дека е прифатливо да се користат терористи за свои цели, пренесува Танјуг.

Претходна вестМВР и УЈП предупредуваат: Граѓаните да не одговараат на лажни пораки со кои им се бараат лични податоци
Следна вестКонстатирана оставката на некои министри, одлучиле да не образлагаат зошто си заминуваат