Темен режим Режим на светлина

Сообраќајка во близина на патот Прилеп – Битола: Тешко повреден возач по излетувањето од патот

Едно лице е тешко повредено во сообраќајна незгода што се случила ноќеска во близина на патот Прилеп – Битола, соопшти полицијата.

Доцна синоќа, односно во 00:24 часот во СВР Битола е пријавено дека на пат од с.Вашарејца и с.Бучин, во близина на крстосницата кај с.Свето Тодори, В.Б.(30) од с.Врбоец, Крушевско, кој управувал патничко  возило „рено меган“ со прилепски регистарски ознаки, изгубил контрола и со возилото излетал од патот.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил В.Б., констатирани Клиничката болница Битола, се наведува во информацијата.

За случајот е известен Јавен обвинител, а увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Битола.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Столтенберг се повлекува од челната функцијата на НАТО во октомври

Следна објава

Возач во битолско возел со 2,41 промили алкохол, казни за 46 пијани возачи