Возач во битолско возел со 2,41 промили алкохол, казни за 46 пијани возачи

Возач кој управувал со возилото во тешка пијана состојба и со 2,41 промили алкохол во крвта бил откирен во ноќешната полициска контрола во битолското подрачје. МВР соопшти дека во текот на изминатата вечер (11/12.02.2023), во периодот од 23.00 до 04.00 часот, на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол.

-При контролата констатирани и законски санкционирани се 46 возачи. За време на контролата биле санкционирани и 42 останати прекршоци, се наведува во информацијата.

Акциските контроли продолжуваат и во наредните денови.

-Апелираме до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и заеднички да придонесеме кон поголема безбедност во сообраќајот, информираа од МВР.

Претходна вестСообраќајка во близина на патот Прилеп – Битола: Тешко повреден возач по излетувањето од патот
Следна вестПредупредување: Црвенкрстбалкан кој собира донации за Турција го злоупотреби името на Црвениот крст