Темен режим Режим на светлина

Македонија испраќа уште 36 припадници на Армијата на помош во Турција

Двајца професионални војници со шуга, останатите привремено пуштени дома Двајца професионални војници со шуга, останатите привремено пуштени дома

Владата на седница донесе одлука за испраќање дополнителна помош во Република Турција.

Добивај вести на вибер
На предлог на Министерството за одбрана, ќе бидат испратени нови 36-мина припадници на Армијата– Батаљон за специјални операции, за учество во хуманитарна операција во Република Турција.

Донесена е и одлука за испраќање нови 32 лица од Дирекцијата за заштита и спасување – припадници на републичките сили за заштита и спасување, за учество во давањето помош на Република Турција во санирањето на последиците од земјотресот.

Се испраќа и, според информацијата од Дирекцијата за заштита и спасување и комплетна специјализирана опрема и материјално – технички средства за пребарување и спасување од урнатини, 10 возила за транспорт на опремата и луѓето.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Градот Скопје ќе донира 6 милиони денари за Турција и Сирија

Следна објава

Собрани околу 10 милиони денари помош за настраданите во земјотресот во Турција и Сирија