Дојави за поставени бомби во Железничка станица, ГТЦ, Сити Мол, кулите Џевахир, Ист Гејт, 12 училишта…

Бројни дојави за поставени експлозивни направи денеска се добиени во повеќе скопски средни училишта, трговски центри и други објекти.

МВР соопшти дека денеска (08.02.2023) околу 13.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на електронските адреси на 12 средни училишта, како и на МРТВ, Транспортен центар, ГТЦ, Џевахир Сити, ТЦ Ист Гејт, ТЦ Сити Мол е упатена закана за поставена експлозивна направа.

-Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите, соопшти полицијата.

Вчера , лажни дојави за бомби имаше во 47 училишта во Скопје од кои 38 основни и девет средни.

Претходна вестНа Клиниката за неврологија мозочните удари ќе се снимаат за неколку секунди
Следна вестНа Марс откриен метален објект