Дојде струја во Аеродром и Ново Лисиче

По повеќе од 15 часа дојде струја во населбите Аеродром и Ново Лисиче.

Цела ноќ екипи на ЕВН Македонија го санираа дефектот кој што настана по вчерашното краткотрајно невреме. Како што соопштија од компанијата, станува збор за комплициран дефект кој бара повеќе работа.

Причината за прекинот во снабдувањето со електрична енергија биле два 110-киловолтни далекуводи кои ги снабдуваат трафостаниците „Аеродром“ и „Исток“.

Претходна вестПукање во „Идризово“ поради обид на затвореник да побегне
Следна вестДали Мицкоски патувал за Вашингтон во луксузна бизнис класа со карта од над 4.000 евра, прашуваат од СДСМ