Темен режим Режим на светлина

Пукање во „Идризово“ поради обид на затвореник да побегне

Затвореник од „Идризово“ се обидел да побегне поради што службеник морал да пука за предупредување во воздух.

– На 17.07.2024 во 10.05 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека осуденикот Г.А.(41) ја прескокнал заштитната ограда и се обидел да побегне, но набргу бил фатен од службеници на затворската полиција и бил вратен во установата. Притоа, еден од службениците од службениот пиштол испукал еден предупредувачки кушрум во воздух, соопштија од полицијата.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Левица бара да се одговара за огромниот јавен долг и да се забранат заеми за тековни трошоци

Следна објава

Дојде струја во Аеродром и Ново Лисиче